Заев на празникот 8 септември да каже стоп за албанските барања кои одново и одново продолжуваат PDF Печати Е-пошта
Петок, 08 . 09 . 2017

По повод 100 дена Влада, премиерот Зоран Заев изјави дека Законот за употреба на јазиците е последното отворено прашање од рамковниот договор.

НДМ го потсетува Заев дека и неговито коалициски партнер Љубчо Георгиевски во 2001 како премиер доби ветување од странците-олеснувачи и тогашните албански претставници Арбен Џафери и Имер Имери дека со рамовниот договор се задоволени сите права на Албанците и тука завршуваат сите нивни барања.

Меѓутоа, Албанците одново и одново продолжуваат со нови провоцирачки барања, впрочем, и по најавениот закон за двојазичност, Али Ахмети повторно излезе со ново барање за употреба на албанскиот јазик и во надворешните односи.

Затоа, НДМ го повикува Зоран Заев да каже стоп и дека става печат на сите албански провоцирачки барања во иднина, дотолку повеќе што со капитулантскиот рамковен договор Албанците практично добија се, а Македонците изгубија многу.

Ја користиме приликата на народот да му го честитаме 8 - Септември - Денот на независноста. Нека денешниот голем празник не вразуми како Македонци дека е потребно национално обединување кое е најсилната брана против секаква внатрешна или надворешна закана. Силно обединети на македонски да покажеме дека трагичните македонски делби се проблем на минатото, и да погледнеме во иднината кон нашата заедничка цел-независна, унитарна и демократска Македонија.

Центар за комуникаии со јавноста на НДМ
Скопје, 8 септември 2017

Медиуми:

А1 он

МКД

Макфакс

Мактел

Македонски медоа сервис

Подгорци инфо сервис

Пинг

Тајм

Грид


  Newer:Постари:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com