Заев во Арачиново за Албанците мајка, за Македонците маќеа PDF Печати Е-пошта
Недела, 03 . 09 . 2017

Народно движење за Македонија најостро реагира на двојните аршини на премиерот Заев при неговата посета на Арачиново по повод верскиот празник Курбан Бајрам.

За НДМ и народот е неприфатливо Заев на сред село во Арачиново да им порача на Албанците дека дојде животот за нив оти владата ќе им изгради канализација, школо, градиники... а од друга страна да не вети и гарантира враќање на раселените Македонци во Арачиново.

НДМ го потсетува Заев дека 16 години по војната се уште има 766 внатрешно раселени Македонци од Арачиново, еден од симболите на војната, каде во летото 2001 се водеа жестоки борби меѓу македоснките бранители и ОНА.

Премиерот Заев нема мандат за Албанците да биде мајка, а за Македонците маќеа и затоа не смее да заборави дека во моментот нема ниту едно раселено албанско семејство во Македонија, додека македонски семејства и по 16 години од рамковниот договор се уште се раселени во својата матична татковина.

Оттука, двојните аршини на премиерот Заев во Арачиново ќе може да се надминат само со враќање на раселените Македонци на своите вековни огништа во Арачиново.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 3 септември 2017

Медиуми:











  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com