Срамно и жалосно, владата на Заев удри по Македонците муслимани PDF Печати Е-пошта
Сабота, 02 . 09 . 2017

Народно движење за Македонија и македонскиот народ се длабоко навредени, понижени и засрамени од одлуката на владата на Заев за стопирање на средствата кои на годишна основа се доделуваат од буџетот на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед.

Со ваквата одлука премиерот Заев најдиректно удри врз оваа македонска организација чии поетоци датираат од 1972 година со промоција на книгата „Распукан бигор„ со единствена цел за осознавање, целосно интегрирање на македонците муслимани во матичниот македонски народ како и заштита и унапредување нма културните и националните вредности.

Вчера од Арачиново слушнавме како премиерот Заев ќе гради школи, канализации, училишта, градинки во албанските села, а од друга страна се залага за згаснување на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед како организација од врвен национален интерес за Македонија и Македонците.

За НДМ е индникативно однесувањето на Заев и при составот на новата влада во која има од се по нешто, а нема само претставник од Македонците муслимани.

НДМ изразува надеж дека премиерот Заев ќе биде на висината на задачата кога станува збор за националните интереси и ќе ја промени оваа одлука.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 2 септември 2017

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Пинг

Будност

Тајм

Грид



  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com