Бачев на Матка за големиот празник Пресвета Богородица PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 28 . 08 . 2017

Изјава, Народно движење за Македонија
д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ
Скопје, Матка 28 август 2017 

Денеска е големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица. Граѓаните се собираат пред верските храмови и го слават името на Мајката Божја, сплотени и во радост.



Лидерот на Народно движење за Македонија д-р Јанко Бачев со членови на Извршниот комиет на партијата, денес по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица присуствуваше на големиот собир на верниците во манастирот „Пресвета Богородица„ на Матка, Скопско.

Бачев во денешната честитка до верниците кои го чествуваат големиот христијански празник порача: - Македонскиот народ столетија наназад го слави овој голем христијански празник и во нашите традиционални вредности ликот на Пресвета Богородица е слика за ликот и значението на вредностите кои не движеле низ вековите и кои треба да ни бидат пример за функционирање и во иднина, бидејќи само така ќе се задржиме на вистинскиот пат. Славејќи го денешниот голем празник Ве повикувам заедно да се помолиме за здравје, мир, спокој, радост, благодети, успеси и спасение за секој човек, секое семејство, за Македонија и Македонците и целата наша држава во меѓусебна љубов и закрила на Пресвета Богородица.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 28 август 2017



  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com