Никој не успеал, ниту министерот Димитров ќе успее да го скрши македонскиот дух PDF Печати Е-пошта
Среда, 23 . 08 . 2017

Народно движење за Македонија најостро ја осудува антимакедонската закана на министерот за надворешни работи Никола Димитров спрема македонските дипломати во странство, како што деновиве постапиле македонскиот конзул во Канада кои за декор на свое неформално обраќање ја одбрал и картата на етничка Македонија.

За НДМ ваквата закана е опасен и непромислен поход на министерот Димитров за уништување на македонскиот дух само затоа што Македонците во Канада знаеле да ја почитуваат историјата и минатото и да извлечат поуки од него.

НДМ го потсетува министерот Димитров дека македонската трагична историја не смее да биде заборавена, дека на Македонците во историјата им било одземено детството, им биле запалени селата и протерани од своите домови, но, македонскиот дух не може никој и со ниту едно средство да го уништи, бидејќи таквиот дух е поврзан со една болна и тешка историја на Македонија и Македонците.

За разлика од ова, целосен молк од Димитров на вчерашниот шовинистички чин на грчкиот претседател со херојските почести за младите ракометарки на Грција само затоа што се обидоа на ракометна средба во Скопје да им забранат на македонските ракометарки да се нарекуваат Македонки.

Центар за комуникации со јавноста на ДМ
Скопје, 23 август 2017


  Newer:Постари:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com