Заев да не се плаши од прашања и од вонпарламентарните партии PDF Печати Е-пошта
Четврток, 17 . 08 . 2017

Народно движење за Македонија го поздравува вчерашното писмо на премиерот Заев до Собранието со кое бара одредување термин на кој ќе одговара на пратенички прашања во функција на владиниот план 3-6-9 за реформи на Македонија и определбата на владата во својот евроатлански пат.

Исто така, Заев во писмото изразува подготвеност за поголема вклученост и на граѓанското општество во дискусиите на собраниските тела.

Меѓутоа, изборната практика во Македонија покажува дека на секои парламентарни избори бројот на гласачи што гласале за вонпарламенатрните партии изнесува помеѓу 70 и 90 илјади гласачи кои остануваат без претставници во Собранието.

Затоа, НДМ силно го охрабрува премиерот Заев да побара термин во Собранието на кој и вонпарламентарните партии ќе можат да му поставуваат прашања со цел натмошна демократизација и остварување на интересите на народот и државата.

Премиерот Заев нема зошто да се плаши и вонпарламентарните партии да му поставуваат прашања, се разбира, доколку навистина е определен да работи чесно и искрено во интерес на граѓаните.

Дотолку повеќе, правото на вонпарламентарните партии да им поставуваат прашања на носителите на јавни функции е пропишано во повеќе земји-членки на ЕУ.

За реализиација на ова право не се потребни финансиски средства од буџетот ниту пак постојат било кави технички проблеми.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 17 август 2017

МКД

Тајм


  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com