Заев да ја вразуми лекомислената Шекеринска и да и се извини на Русија PDF Печати Е-пошта
Среда, 16 . 08 . 2017

Народно движење за Македонија и народот ја споделува вчерашната вознемиреност на руското Министерство за надворешни работи за изјавата на Радмила Шекеринска за агенцијата „Блумберг„ дека членството во НАТО ќе ја заштити Македонија од руско мешање.

Ваквата лекомислена изјава на Шекеринска протолкувана со други зборови неосновано ја сместува Русија во непријателска земја спрема Македонија и го руши концептот на пријателски односи со Русија.

НДМ ја потсетува Шекеринска дека Русија е светска велесила и членка на Советот за безбедност на ОН со право на вето, ја признава Македонија под уставното име и никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, идентитетот на македонскиот народ, а неодамна рускиот претседател Путин на отворена сцена изјави дека писменоста на Русија се должи на македонската земја.

Затоа, обидот на Шекеринска да ја претстави Русија како земја која се меша во внатрешните работи е врв на политички дилетантизам земајќи предвид дека Шекеринска во македонската политика е 27 години.

НДМ го повикува Зоран Заев како претседател на владата на Република Македонија која  официјално се залага за развој на конструктивни односи со Русија и јакнење на билатералната соработка, да се огради од недоветната изјава на Шекеринска и веднаш да се извини на народот на Русија.

За НДМ нема дилема. Светот не завршува во Брисел и Вашингтон кои бараат од Македонија прифаќање на непристоен пазар - членство во ЕУ и НАТО во замена за ново име.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 16 август 2017

МКД

Макфакс

Точка

Скај

Ипортал

Тајм

Грид

Б2


  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com