Груевски го нема, а Заев одбра да не ја кажува вистината за Карпалак PDF Печати Е-пошта

Изјава, Народно движење за Македонија
д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ
Скопје, 9 јули 2017

Почитувани,

Случајот Карпалак не смее да се заборави, бидејќи има докази дека можело да се спречи загинувањето на бранителите доколку некој не пропуштил да преземе одредени дејствија, што бил должен да ги преземе во интерес на безбедноста на конвојот.

За еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја одговорност мора да има поради следното:

На почетокот на јули 2001, четириесетина дена пред погибијата кај Карпалак, во Службата за државна безбедност има два службени документи со податоци дека на ридот од каде се пукаше врз конвојот се наоѓа вооружена група од десетина лица, кои преку ден беа присутни во ископаните ровови и правеа инциденти на автопатот со повремени истрели, а ноќта се повлекуваа кај свои јатаци во едно соседно село.

Државната безбедност добро го работела случајот и уфрлила и соработник во групата.

При едно вообичаено ноќно повлекување на групата кај јатаците, комбиниран тим на државната и јавната безбедност при МВР извршиле снимање и увид на локацијата.

Преку вградениот соработник се извршила и комплетна идентификација на групата, по што од оперативните евиденции на МВР можело да се види дека овие лица се всушност поранешни криминалци, претходно добро познати на македонската полиција.

Согласно правилата за соработка на безбедносните органи во државата, МВР ги достави овие информации за понатамошно постапување до Секторот за безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана.

Врз основа на овие оперативни податоци, Службата за аналитика во државната безбедност, изготви информација уште во јули 2001 година со прецизни анализи и насоки како да се запоседне просторот околу автопатот кај Карпалак заради безбедно минување на редовните конвои на бранителите накај Тетово.

Ова е извадок од аналитичката информацијата и доколку се постапело по неа Карпалак ќе беше избегнат. Да го имате ова 40 денови и да ви загинат бранителите од испукана граната токму од кај Карпалак! Катастрофа. Сознанија имаше, а ништо не се презеде!?

JavaScript is disabled!
To display this content, you need a JavaScript capable browser.

Трагедијата сигурно ќе беше избегната, доколку само со еден хеликоптерски прелет беше збришана оваа вооружена група, бидејќи прецизно се знаеше локацијата, движењето, вооруженоста, распореденоста, бројноста на групата и слично!

До денешен ден се крие и кој дал наредба пред трагедијата да се отстрани и безбедносниот пункт на автопатот Скопје-Тетово во близина на Карпалак и зошто после трагичниот настан, бранителите се оставени сами на себе да горат во торпедираните возила, иако на армиските хеликоптери од аеродромот Александар Велики до Карпалак им било потребно само пет минути да пружат помош.

Пoчитувани присутни,

16 години ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со сомнителното загинување на бранителите кај Карпалак.

Да потсетам дека ВМРО-ДПМНЕ како партија со демохристијанска и народна ориентација и со силна верба во Господ, 11 години имаше историска одговорност да ги расветли контроверзните загинувања на бранителите во воената 2001 година.

Вчера, Зоран Заев и министерот Спасовски остварија средба со некое од повеќето здруженија на бранители на која разговарале за државна социјална помош за семејствата на загинатите бранители.

Меѓутоа, дали Заев и Спасовски знаат дека преживеаните бранители, роднините и семејствата на загинатите бранители и воопшто македонскиот народ сега многу повеѓе од трагичните загинувања ги боли тоа што не ја знаат вистината!?

Шеснаесет години по крвавиот настан кај Карпалак, едно е сигурно, ниту кај СДСМ, ниту кај ВМРО ДПМНЕ кои се менуваат на власт по Татковинската војна во 2001 година, нема интерес за вистината за бранителите кај Карпалак кои загинаа во одбраната на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Дотолку повеќе, СДСМ се согласи во владината програма да влезе испитувањето само на случаите Дива Населба, Сопот, Бродец, а за кои се заинтересирани од ДУИ.

Затоа, го повикувам Заев целосно да го расчисти и случајот Карпалак во кој бранителите беа пратени во заседа и мораа да загинат.

Со еден збор, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги нема, а Заев и СДСМ одбраа да не ја откриваат вистината за Карпалак!

Благодарам,

  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com