Стручна дебата: Договорот со Бугарија е штетен за Македонија и ништовен според меѓународното право PDF Печати Е-пошта
Четврток, 27 . 07 . 2017

Стручна дебата, Народно движење за Македонија
Скопје, 27 јули 2017

Во организација на Народно движење за Македонија, денес, четврток, 27 јули 2017, во Домот на АРМ во Скопје се одржа стручна дебата за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија на која свое излагање имаа универзитетските професори Јанко Бачев, Стефан Влахов Мицов, Тони Науновски, Тодор Чепреганов, абасадорот Ристо Никовски, новинарот и водител Слободан Томиќ, претседателот на Семакедонскиот национален совет - Македониум Страшко Олумчев и аналитичарот Горан Путица под модераторство на Марјан Камиловски.

Општ заклучок кај учесниците на дебатата е дека Договорот со Бугарија е штетен за македонските национални и државни интереси и за Македоницте што живеат во Бугарија, дека е контрадикторен и спротивен со принципите на општото меѓународно право и правото на ОН кои недостатоци се основа за негово поништување, дека се толкува различно - додека кај власта се доживува еуфорично и се слави, кај народот предизвикува разочараност, фрустрации и загриженост, вака според експертската јавност беше претставена Македонија со Договорот со Бугарија.

JavaScript is disabled!
To display this content, you need a JavaScript capable browser.

Медиуми:

Макфакс

Илинден

МТВ (после 11м и 17 с.)

ТВ Телма

ТВ Сител

Тајм

Грид

  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com