Академиците да прават стратегии, а не да испраќаат апели PDF Печати Е-пошта
Среда, 26 . 07 . 2017

Народно движење за Македонија изразува вчудоневиденост од апелот на претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите дека Академијата ќе реагирала доколку биле загрозени национални интереси, дека МАНУ нема да молчи и нема да биде нема институција, иако националните интереси од поодамна се загрозени и Македонија во моментот е сардисана од сите страни.

За НДМ таквите апели на МАНУ се слаби без да се каже како да се обезбеди опстанокот и просперитетот на народот и државата, а токму МАНУ треба да го каже тоа со оглед дека барем формално-правно во неа е концентрирана врвната домашна памет.

НДМ сака да им ја освежи меморијата на академиците кои манифестираат селективна сенилност дека не се членови на невладини организации и граѓански здруженија или на политички партии, и оттука, загрижувачки е обидот МАНУ да се сведе само на праќање на апели за националните и државните интереси.

Затоа, НДМ ги повикува академициите да го оправдат трошењето на народни пари и да не само се луксузираат врз грбот на граѓаните како даночни обврзници, со тоа што, најпосле ќе седнат и ќе напишат национална стратегија.

Да потсетиме, за разлика од соседните земји единствено МАНУ сеуште нема  изработено излезна стратегија како македонски проект.

НДМ и македонскиот народ очекуваат од МАНУ да видат и оценат стратегија како национален проект кој ќе ја покаже насоката во која треба да се решаваат клучните прашања, бидејќи борбата за опстанок и самостојноста на Македонија продолжува и по стекнувањето на независноста во 1991, земајќи предвид дека земјата е исправена пред сериозни предизвици до степен да го загрозат опстанокот на државата.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 26 јули 2017

А1 он

Пинг

Тајм

 

  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com