Говорот на Талат Џафери на Илинден во Крушево е голем срам и опасна провокација, Заев да го смени протоколот PDF Печати Е-пошта
Вторник, 25 . 07 . 2017

Народно движење за Македонија го повикува премиерот Зоран Заев да ја преиначи одлуката на владата со која за 2 Август, во Крушево, на најголемиот македонски национален празник говор ќе одржи Талат Џафери.

За НДМ, самото појавуавање и говор на Талат Џафери во Крушево е опасна провокација која може да доведе до немили настани.

Исто така, оддавањето признание од Талат Џафери и неговото поклонување на славните илинденци, на храбрите Македонци кои цел свет ги знае по нивата натчовечка херојства за слободата на својата држава-Македонија, е тешка навреда спрема Македонија и Македонците.

Ова од причина што Талат Џафери во 2001 удри токму врз идеалите на илинденските херои со неговото учество во рушењето на уставниот поредок на Македонија, а дотолку повеќе, според оперативен документ на УБК при МВР е вмешан во заседата кај Вејце каде ѕверски беа убиени осуммина македонски бранители во еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја.

Затоа, ја повикуваме владата како изготвувач на протоколот за 2 Август, да размислува не само за моментот оти се доведуваат во ситуација да се срамат од нив и нивните поколенија и веднаш да го тргне од протоколот лицето Талат Џафери кое работело на рушењето на Македонија и Македонците.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 25 јули 2017

Медиуми:

А1 он

Нетпрес

Макфакс

Мактел

Точка

Стандард

Македонски медиа сервис

Пинг

Подгорци инфо сервис

Маркукуле

Тајм

Грид

Вести


  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com