Мигрантите и бегалците полесно до македонско државјанство од самите Македонци PDF Печати Е-пошта
Недела, 23 . 07 . 2017

Народно движење за Македонија бара од Владата и Министерството за труд и социјална политика да ја преиспитаат „Стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија во периодот 2017-2027 година„ со која, за мигрантите и бегалците се предвидува олеснет пристап за стекнување на македонско државјанство.

За НДМ нема дилема. Овој документ во делот за државјанството е проект на антимакедонска основа, бидејќи, Македонија станува единствената земја во која  мигрантите и бегалците полесно ќе стекнуваат државјанство од самите Македонци.

Односно, Македонците во однос на мигрантите и бегалците се третираат како граѓани од втор ред во поглед на можноста за добивање на македонско државјанство.

НДМ потсетува дека Законот за државјанство на Република Македонија од 1992 во членот 11 став 1 пропишуваше сите Македонци по потекло кои живеат надвор од границите на Република Македонија можат да се стекнат со македонско државјанство без да исполнуваат никакви дополнителни услови.

Меѓутоа, со измените на Законот за државјанство од 2004 се укина членот 11 став 1, и оттогаш и за Македонците кои живеат надвор од границите на Република Македонија не важи олеснетиот пристап до македонско државјанство.

Затоа, доколку владата дозволи олеснет пристап до македонско државјанство за мигрантите и бегалците во услови кога за сите Македонци по потекло не важи олеснетиот пристап до државјанство, Македонија дефинитивно ќе послужи за потсмев на меѓународната сцена, а настрана опасноста по темелот на нацијата и државата.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 23 јули 2017

Медиуми:

Нетпрес

Тајм

  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com