НДМ поднесе кривична пријава против членовите на ДИК за изборите на 11 декември PDF Печати Е-пошта

Изјава, НДМ
д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ
Скопје, 4 јуни 2017 (вторник)

Народно движење за Македонија денеска (04.07.2017, вторник) поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против членовите на Државната изборна комисија бидејќи на изборите на 11 декември 2016 потврдиле незаконски и неправилни листи на кандидати за пратеници на дури 12 политички партии што ги прави изборите ништовни.

Во изјава за медиумите претседателот на НДМ д-р Јанко Бачев рече: -„Денес Народно движење за Македонија поднесе кривична пријава против членовите на Државната изборна комисија поради злоупотреба на службената положба бидејќи на изборите на 11 декември лани потврдиле незаконски и неправилни листи на дури 12 политички партии од кои 4 настапиле самостојно а осум партии во три коалиции. Кривичната пријава се сведува на најмалку четири злоупотреби направени од членовите на ДИК. Прво, во една листа сите кандидати се машки лица иако според Изборниот законик најмалку 40% од кандидатите мора да му припаѓаат на помалку застапениот пол, односно, кандидати жени. Второ, во две листи на една партија на секои три места нема кандидат-жена иако според Изборниот законик на секои три места најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол, односно женско лице. Трето, ДИК кај една коалиција како подносители утврдил две партии и две здруженија иако според Изборниот законик подносители на листи се регистрирани политички партии или група избирачи, што значи дека законот не дозволува подносител да биде здружение на граѓани. Четврто, сите листи на албанските партии се поднесени на албански јазик иако според Изборниот законик, подносителите на листите во изборните единици во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, поднесувањето на листите може да се врши и на друг јазик и овој услов е законски само во Изборната единица број 6, меѓутоа, албанските партии листите ги поднеле на албански јазик и во изборните единици 1,2,3, 4 и 5 каде нема најмалку 20% население кое зборува јазик различен од македонскиот. Со овие неправилности направени се тешки злоупотреби од ДИК и ние сега очекуваме правосудните органи да бидат на висината на задачата и да покажат храброст и знаење иако сме длабоко свесни за тежината на кривичната пријаа и сензитивноста на доказите бидејќи во случај да успее оваа пријава ќе се покаже дека изборите се нелегални и незаконски и ќе треба да се поништат. Очекуваме правосудните органи да постапат според логиката на правото - рече Бачев.

JavaScript is disabled!
To display this content, you need a JavaScript capable browser.

  Newer:Постари:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com