Каде се украдените 5,5 милијарди евра, се одзема само затаениот данок за гаќите на Ивона!? PDF Печати Е-пошта
Сабота, 01 . 07 . 2017

Народно движење за Македонија и народот дава целосна подршка на расчистување со грабежот откако Зоран Заев во политичката криза обелодени дека власта на ВМРО-ДПМНЕ украла 5,5 милијарди евра или како што велеше Заев сликовито: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5,5, милијарди евра“.

Меѓутоа, со завршните обвиненија на СЈО против раководството на ВМРО-ДПМНЕ и други лица настана целосен пресврт со украдени 5,5, милијарди евра.

Имено, обвиненијата на СЈО се однесуваат за уривањето на Космос, набавка на мерцедес, изборни измами и нерегуларности, незаконско следење на комуникаици и уништување на опрема во УБК, бесправно градење, уништување на изборен материјал, мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување..., меѓутоа, овие обвиненија немаат допирни точки со одземањето на украдените 5,5, милијарди евра.

Впрочем, народот не гледа никакво фајде доколку и сите 94 осомничени завршат во затвор, а притоа украдените 5,5, милијарди останат нечепнати.

Затоа, се наметнува дилемата, дали 5,5, милијарди евра ќе бидат опростени и заборавени, или, пак, нема украдени 5,5 милијарди евра од власта на ВМРО-ДПМНЕ?

За волја на вистината, во случајот на една обвинета новинарка која се товари за даночно затајување сепак ќе дојде до одземање на нелегално стекнатото доколку биде прогласена за виновна, бидејќи, ќе мора да го врати затаениот данок при купувањето на нејзините гаќи. И толку од украдените 5,5, милиjaрди евра!

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 1 јули 2017

  Newer:Постари:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com