Талат Џафери не го прима во Собранието нашиот предлог закон за амнестија PDF Печати Е-пошта

Прес конференција, НДМ
Злате Војноски член на Извршниот комитет на НДМ
Скопје, 30 јуни 2017

Почитувани,

Талат Џафери продолжува со кршење на Уставот на Македонија и Деловникот на Собранието.

Талат Џафери наместо да постапи по предлог-законот за амнестија на граѓаните учесници во настаните на 27 април 2017 во Собранието на Република Македонија поднесен од нашата партија на 22 мај 2017, пред два дена ни го врати материјалот.

Ова е писмениот допис на Талат Џафери до Народно движење за Македонија во кој вели дека НДМ не е овластен предлагач на закони. Ова е всушност една голема манипулативна конструкција.

Затоа, еве ги фактите.

Во член 71 став 2 од Уставот и член 133 став 1 и 2 од Деловникот на Собранието иницијатива за донесување на закон може да даде секој граѓанин, група граѓани, институции и здруженија. Предлог законот се поднесува до претседателот во Собранието кој е должен да ја достави до сите пратеници и повратно да не извести како подносител.

Како што можете да видите нашиот предлог закон е поднесен до претседателот на Собранието, врз основа токму на член 71 став 2 и член 133 од Деловникот на Собранието, кои како што спомнав претходно даваат можност на секој во државата да иницира предлог закон во Собранието.

Притоа, јасно посочуваме дека сме согласни нашиот предлог закон во свое име да го процесуира пратеничка група или независен пратеник.

Ова е почитувани правната процедура и практика во врска со законодавни иницијативи до Собранието.

JavaScript is disabled!
To display this content, you need a JavaScript capable browser.

За споредба, кога во 2009 година поднесовме предлог-закон за изменување и дополнување на законот за плати и други надоместоци на јавни и именувани лица со кои Народно движење за Македонија побара укинување на апанажата, тогашниот претседател Трајко Вељановски повратно не информира дека нашиот предлог е доставен до сите пратеници.

Ова е писменито допис на Трајко Вељновски до нас во партијата во кој јасно вели дека предлог-законот на НДМ е примен и доставен до сите пратеници.

Значи, правната процедура е јасна, и Талат Џафери бил должен во рок од три дена од приемот на нашиот предлог-закон да го достави до сите пратеници, меѓутоа, Талат Џафери спротивно на Уставот и Деловникот материјалот ни го врати назад.

Според нашите сознанија, главната причина зошто Талат Џафери не ферма ниту Устав ниту Деловник била неговата нервоза и лутина што во нашиот допис има фуснота во која кажуваме дека не го признаваме Талат Џафери за претседател на Собранието се до уставната оценка на одлуката за негов избор од страна на Уставниот суд.

Како што можете да видите нашиот материјал согласно собранискиот Деловник е адресиран до претседателот на Собранието, но, најдоле има фуснота во која се вели дека НДМ не го признава Талат Џафери за претседател на Собранието.

Почитувани присутни,

После ова неспорно противправно постапување на Талат Џафери да не ги прима законодавните иницијативи на НДМ во Собранието, се поставува прашањето зошто постојат Устав и Деловник на Собранието кога не се почитуваат.

Владеачката СДСМ во секоја прилика повторува дека Македонија мора да биде правна држава во која законите ќе важат за сите подеднакво.

Оттука, повикуваме на еднакво важење на Уставот и Деловникот и во овој случај, односно, да се постапи по предлог-законот на Народно движење за Македонија кој следната недела повторно ќе му го вратиме на Талат Џафери во Собранието.

Ви благодарам,


  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com