Македонските јаничари Џамбаски и Димитров да се прогласат за непожелни во Македонија PDF Печати Е-пошта
Петок, 23 . 06 . 2017

Народно движење за Македонија најостро ги осудува вчерашните груби во основа антимакедонски провокации искажани спрема Македонија и Македонците од страна на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и директорот на бугарскиот национален музеј Божидар Димитров.

За НДМ нема дилема.

Недозволиво е Џамбаски и Димитров како граѓани на Европската Унија каде се вели дека владее слободата и се земаат предвид животните вредности да испраќаат отворено негирање на Македонците.

Дотолку повеќе, Џамбаски и Димитров кои имаат македонско потекло, уште еднаш ја потврдија поразителната македонска вистина дека македонските јаничари кои не издржале во историјата се најсилната војска на велико-бугарската идеолоија насочена кон негирање на македонскиот народ.

Затоа, НДМ смета дека во постоечките околности прогласувањето на Џамбаски и Димитров за непожелни личности во Македонија е начин за заштита на македонските национални интереси.

Впрочем, произлегува дека живеењето на Џамбаски и Димитров во социјалистичка Бугарија оставило последици, бидејќи како поранешни соработници на бугарската Служба за државна безбедност очигледно е дека мозокот на Џамбаски и Димитров застанал некаде во 1948-та кога Државната сигурност на Бугарја со закон, молив и гума започна со бришењето на Македонците, пропуштајќи од вид дека националната определба не може да биде предмет на закон или било каков друг акт затоа што е природно и неотуѓиво право врзано за поединецот и за неговите природни слободи и права.

Оттука, доколку Џамбаски и Димитров во иднина стапнат на македонско тло, веднаш мора да бидат исфрлени како непожелни личности.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 23 јуни 2017

МКД

Тајм

Грид

Весник Илинден

  Newer:Постари:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com