Џамија-дивоградба е кривично дело, премиере Заев кај е кривичната пријава PDF Печати Е-пошта
Четврток, 22 . 06 . 2017


Народно движење за Македонија изразува шокираност од институционалната немоќ на државата да се справи со џамијата-дивоградба на Попова Шапка што започна пред три дена да ја гради Исламската верска заедница без дозвола за градба.

Изјавата на претседателот на ИВЗ дека џамијата-дивоградба на Попова Шапка е историски резултат и остварување на сонот на многу верници е само изговор ИВЗ да ги оправда своите обиди за определување на Македонија како исламска држава.

Затоа,  го повикуваме премиерот Заев да каже дали владата има мандат за градење на џамии-дивоградби, бидејќи народот и пријателите на СДСМ во ЕУ ги чекаат овие одговори!

Истовремено, НДМ очекува силно лидерство од премиерот Заев и на домашен терен со кое ќе ја отстрани грдата слика за Македонија во која законите важат за сите, освен за Албанците.

Ја користиме приликата да потсетиме дека според програмската определба на владеачката СДСМ уредениот простор по европски стандарди е изворна потреба и цел на секој граѓанин, меѓутоа, дивоградбите-џамии во никој случај не значат уреден животен простор по европски стандарди туку бесправното градење објекти е кривично дело.

Премиерот Заев вети право, правда и правна држава за сите, оттука премиере Заев каде е кривична пријава за џамијата-дивоградба!

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 22 јуни 2017

МКД

Тајм

  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com