Заев да иницира Совет на политички лидери за одбрана на името PDF Печати Е-пошта
Недела, 18 . 06 . 2017

Народно движење за Македонија го повикува премиерот Зоран Заев да покрене иницијатива за формирање Совет на политичките лидери во кој би се разгледувале предлози и идеи за одбрана на името - Република Македонија.

Во Советот би биле претставени сите партии и во него на едно место би била собрана целокупната политичка памет во земјата, со што се отвора патот за домашно единство во спорот за името како прашање од највисок национален интерес.

Дотолку повеќе, од поведението на грчката политичка сцена околу спорот за името во контекст на последната средба на македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, многу е веројатно дека во периодот што следи ќе претстои серизоно раздвижување за проблемот со името.

Затоа, многу е битно каква ќе биде позицијата на Македонија и оттука немерлива е користа преку широки консултации да се слушнат мислењата на сите партии во еден Советот на политички лидери за името.

Земајќи предвид дека во моментот постојат 43 партии од македонскиот блок, од кои 25 сателитски партии во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и 19 сателитски партии под контрола на СДСМ, не претставува проблем да се формира Совет на политички лидери бидејќи останува да се повика само уште Народно движење за Македониоја како партија надвор од блоковите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Центар за комуникации со јавноста на нДМ
Скопје, 18 јуни 2017

  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com