Премиерот Заев да работи за сите граѓани во Тетово PDF Печати Е-пошта
Среда, 07 . 06 . 2017

Народно движење за Македонија ја поздравува брзата интервенција на премиерот Зоран Заев и градоначалничката на Тетово Теута Арифи за решавање на пробемот со поплавите во Порој, Тетовско.

Меѓутоа, НДМ очекува премиерот Заев со истата посветеност да се заложи и за решавање на проблемот на Македонците во Тетово.

Затоа, НДМ го повикува премиерот Заев веднаш да побара од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи да ги дозволи проектите од интерес за Македонците во Тетово и тоа: да се дозволи изградба на новата црква во Тетово, да се дозволи изградба на православните гробишта и капелата во Тетово, улиците со месеци седат недоизградени, запустен е делот кај месноста Два Бреста каде живеат претежно Македонци, нема доволно вода за пиење во деловите во Тетово со претежно македонско население...

НДМ потсетува дека овие проекти од интерес за Македонците со години се заклучени во фиоката на Теута Арифи.

НДМ повикува на запирање на опасната тенденција Македонците во Тетово се повеќе да се третираат како граѓани од втор ред во сопствената држава што ја промовира градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 7 јуни 2017

А1он

МКД

Пинг

Тајм

Грид

Дејли

  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com