Со кој служби соработува ДУИ, зошто Заев не бил информиран дека има план за убиство PDF Печати Е-пошта
Петок, 12 . 05 . 2017

Народно движење за Македонија изразува сериозна загриженост од јавното признание на Артан Груби, кој, во изјава за медиумите на излегување од обвинителството рече дека ДУИ имале информации од безбедносни служби дека има сценарио за немири во врска со изборот на Талат Џафери за претедател на Собранието.

Оттука, НДМ и народот очекуваат од министерот во МВР Агим Нухиу да каже со кој безбедносни служби соработува ДУИ?

Исто така, во контекст на изјавата на Зоран Заев дека во Собранието имало обид за убиство со план и умисла, го повикуваме министерот Нухиу да испита зошто ДУИ не ги споделиле информациите со СДСМ дека има сценарио земајќи предвид дека доколку ДУИ ги информираше Заев и другите пратеници за сценарио за обид за нивно убиство сигурно ќе постапеа поинаку со цел спречување на нападите.

Го потстетуваме министерот Нухиу дека непријавувањето на кривично дело за обид за убиство од страна на припадници на ДУИ кои знаеле за сценариото, претставува кривично дело за кое е предвидена затворска казна.

Очекуваме од министерот Нухиу да биде на висината на задачата и полициските активности во овој случај да не се владеат од неговите политички калкулации дека е кадар во МВР од страна на ДУИ.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 12 мај 2017

МКД

Мактел

Тајм

Грид


  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com