Законите важат за сите, освен за Албанците PDF Печати Е-пошта
Среда, 10 . 05 . 2017

Народно движење за Македонија изразува шокираност од сознанието дека во демократска Македонија сеуште во заднина полициските активности ги владеат политички калкулации дека примената на законот спрема припадниците на албанското малцинство ќе доведе до нарушување на соживотот во земјата.

Недозволиви се ситуаци, во кои Македонците што учествуваа во немилите настани во Собранието брзопотезно да бидат притворани, додека во слични случаи, како на пример, кога Албанци ја демолираа зградата на Основниот суд Скопје 1 поради протест за случајот „Монструм„ или кога Албанци го осудуваат крстот во Бутел со ќотек врз Македоците или во случајот со дивоградбата споменик-двоглав орел во Чаир, да нема било каква одговорност за сторителите само затоа што се Албанци.

Оттука, НДМ повикува на запирање на опасната тенденција Македонците се повеќе да се третираат како граѓани од втор ред во сопствената држава и законите подеднакво да важат и за Албанците кои очигледно стануваат миленичиња на било која власт во джавата.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 10 мај 2017

Медиуми:

А1 он

МКД

Макфакс

Точка

Репортер

Актуелно 24

Пинг

Подгорци инфорсервис

Тајм

Грид

Дејли

Б2

Вести

  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com