Ја поздравуваме руската изјава за Македонија, светот не завршува во Брисел PDF Печати Е-пошта
Петок, 05 . 05 . 2017

Народно движење за Македонија ја поздравува вчерашната изјава на рускиот амбасадор во Европската унија дека Русија може да понуди алтернатива на евроатланските интерграции на Македонија на Западен Балкан и на било која друга земја.

Затоа, македонските власти треба сериозно да ја разгледаат оваа добронамерна определба на Русија како земја која никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, идентитетот на македонскиот народ и името на земјата.

За НДМ нема дилема. Крајот на светот не завршува во Брисел кој бара од Македонија да направи невозможна отстапка.

Односно, Република Македонија во континуитет е соочена со понижувачки притисок од страна на Европската Унија за прифаќање на непристоен пазар - датум за преговори за членство во Унијата во замена за ново име. Се бара Македонија да го промени своето име за некакво обично ветување дека во некоја иднина ќе стане членка на ЕУ иако таквото ветување само по себе е неизвесен факт, необврзувачка изјава и претпоставка која прашање е дали може со сигурност да се тврди дека во некоја иднина и навистина би се остварила.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 5 мај 2017

МКД

А1 он

Мактел

Тајм

Грид

Вести


  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com