Ние не фалсификувавме, туку ДИК вршеше наменски злоупотреби PDF Печати Е-пошта
Среда, 03 . 05 . 2017

Народно движење за Македонија најостро реагира и целосно ги демантира вчерашните наводи во јавноста дека НДМ и претседателот Бачев добија кривична пријава за наводно фалсификување на исправи за изборите на 11 декември 2016.

Напротив, во моментот е во тек соодветна судска постапка за поништување на изборите на 11 декември заради сторени злоупотреби од страна на ДИК, заведена токму од НДМ.

Потсетуваме дека своевремено споделивме со јавноста документи и информации од кои јасно се гледа како и зошто НДМ е смислено тргнато од изборите на 11 декември заради што ДИК донесе одлуки засновани на политиката и политичките сценарија.

Оттука, во отворените 68 случаи на обвинителството за изборни нерегуларности за изборите на 11 декември има сомнение за неправилности не за НДМ и претседателот Бачев, туку за тешките злоупотреби од страна на ДИК.

Ја користиме приликата да предупредиме да престане повторното оживување на старите намери за смислено оцрнување на НДМ во јавноста во пресрет на локалните избори налик на наменското сценарио спрема НДМ за изборите на 11 декември лани.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 3 мај 2017

Медиуми:

А1 он

Локално

Слбоден печат

Тајм

Грид

Вести

Пинг

  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com