Да покажеме дека сме спремни да живееме, работиме и умреме за Македонија PDF Печати Е-пошта
Недела, 30 . 04 . 2017

Народно движење за Македонија во пресрет на разговорите со заменик-помошниот државен секретар во американскиот Стејт департмент, Хојт Брајан Ли, во име на народот силно ги предупредува Никола Груевски, Ѓорѓе Иванов и Зоран Заев да не подлегнуваат на било каков притисок за разнебитување на Македонија и Македонците.

НДМ особено потенцира дека Хојт Брајан Ли е на списокот на функционери во заминување и оттука прашање е кого претставува: новиот американски претседател Доналд Трамп и неговата политика на забрана на рушење на демократско избраните влади, или пак, политиката на „ѕверот„ против унитарна и заедничка Македонија а кој беше поразен на последните избори во САД.

Затоа, НДМ очекува од Груевски, Иванов и Заев овојпат јасно да порачат дека се спремни по секоја цена да одолеат на финалниот удар за рушење на Македонија и Македонците, и јасно да му порачат на Хојт Брајан Ли дека во Македонија има политичари кои се спремни да живеат, работат и умрат за Македонија.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 30 април 2017


  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com