Наша е Иницијативата до Уставниот суд за поништување на изборите PDF Печати Е-пошта
Четврток, 27 . 04 . 2017

Народно движење за Македонија во врска со вчерашната медиумска дилема во јавноста за (не)постоењето на Иницијатива до Уставниот суд за поништување на изборите од 11 декември и кој се можните подносители, во интерес на вистината ја информира јавноста за следното:

Подносител на Иницијатива до Уставниот суд за поништување на предвремените парламентарните избори од 11 декември минатата година е Народно движење за Македонија.

Поточно, НДМ бара поништување на Одлуката на Собранието на Република за распуштање на Собранието бидејќи се постави прашањето за согласноста на одлуката со член 8 став 1 алинеи 1 и 3, член 51, член 63 став 3 од Уставот и член 4 став 7 од Изборниот законик.

Иницијативата е поднесена уште на 20 октомври 2016, меѓутоа се уште е закочена во фиоките на судот иако постои и посебено барање со цел спречување на настанување на тешко отстранливи последици, што пак, согласно Деловникот за работа на Уставниот суд налага итно постапување на судот.

Затоа, најбитното прашање не е (не)постоењето и кој е подносителот на Иницијатива за поништување на изборите на 11 декември, туку зошто Уставниот суд како најуставната институција во земјата без кој тешко може да се зборува за владеење на правото, падна токму на Уставот со неговото молчење и калкулирање со Иницијативата на НДМ.

Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Скопје, 27 април 2017

  Newer:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com