Бачев за Гласот на народот: Албанија и Косово со сеалбанската платформа ни се закануваат со војна, Македонија да се обрати дo ООН PDF Печати Е-пошта

Изјава, Народно движење за Македонија
д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ
Скопје, 30 март 2017

Претседателот на НДМ проф. д-р Јанко Бачев, денес (30.03.2017, четврток) во изјава за Програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија рече:

- „Воинствените изјави на албанскиот премиер и косовскиот претседател дека ќе ја нема Македонија во контекст на неприфаќањето на сеалбанаскта платформа насочени директно спрема македонскиот суверенитет и интегритет, според правилата на општото меѓународно право може да се сметаат за закана за војна и загрозување на меѓународниот мир и безбедност. Оттука, сметам дека е созреан условот Македонија во согласност со своето меѓународно правно-признато право да му обрне внимание на Советот за безбедност на Обединетите нации за овие загрозувачки активности на Албанија и Косово по мирот и безбедноста земајќи предвид дека Советот за безбедност како орган има примарна надлежност за меѓународниот мир и безбедност. На тој начин Македонија ќе ја регистрира својата позиција со детална изјава на фактите и аргументите во контекст на загрозувачките активности на Албанија како членка на Обединетите Нации, и Косово, кое иако не е членка на ОН, Повелбата на ОН не прави разлика помеѓу држави членки и држави не-членки кога станува збор за меѓународниот мир и безбедност. На тој начи се отвора патот во Обединетите нации да се расправа за можната инволвираност на одредени држави и меѓународни невладини организации во заговор за дестабилизација на Македонија во контекст на домашната политичка сцена„- рече Бачев.

JavaScript is disabled!
To display this content, you need a JavaScript capable browser.

  Newer:Постари:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com