Зошто Катица Јанева го крие кривичниот предмет за фалсификуваниот попис во 2002? PDF Печати Е-пошта

Прес конференција, Народно движење за Македонија
проф. Панче Жежовски, член на Извршниот комитет на НДМ
Скопје, 19 февруари 2017

Почитувани

Пред три дена Специјалното јавно обвинителство го објави редовниот извештај до Собранието и до Советот на јавни обвинители во кој се наведени предметите по кои постапува СЈО.

Веднаш да кажам дека во Извештајот го нема клучниот предмет за Македонија и Македонците.

Станува збор за фалсификуваниот попис во 2002, со кој Албанците лажно беа прикажани дека се 25,17 отсто.

Да потсетам, Народно движење за Македонија на 24 септември 2009, до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава за фалсификување на пописот во 2002, меѓутоа, кривичната пријава остана закочена во обвинителските фиоки.

Затоа, НДМ на 12 декември 2015 година до Специјалното јавно обвинителство поднесе предлог за преземање на кривичниот предмет за фалсфикуваниот попис од 2002 од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Ова е предлогот до СЈО за преземање на кривичниот предмет.

Да потенцирам дека Специјалното јавно обвинителство има надлежност да постапува по овој предмет, бидејќи пописот се спомнува во политичките бомби на СДСМ.


JavaScript is disabled!
To display this content, you need a JavaScript capable browser.

Инаку, се работи за доста содржајна кривична пријава поткрепена со факти и докази кои побудуваат сериозно сомнение дека носители на највисоки јавни и државни функции во тоа време преземале активности за да влијаат при извршеното пребројување на прашалниците од страна на 160 лица кои во тоа време биле подготвени за кодирање и обработка на податоците со намера невистинито да прикажат дека бројноста на албанското малцинство во државата изнесува 25,17% со цел да ги задоволи потребите на Рамковниот договор кој предвидува албанската заедница да ги добие правата ако учествува со над 20 отсто од населението.

Фрапантни се ознанијата до кои дојдовме при прибирањето на доказите, според кои, произлегува дека албанското малцинство во земјата е околу 17% отсто, и како е изведена оваа фалсификувана статистичка операција со извонредно разработената криминална технологија од фазата на попишување и собирање податоци на теренот па се до влезот на податоците во компјутерскиот систем од аналогна во електронска форма.

Дотолку повеќе, резултатот од фалсификуваниот попис во 2002 и практично ги институционализира барањата за колективни права врз основа на процент, со што Македонија се осуети во својот Европски граѓански концепт.

За НДМ и народот нема дилема. Расчистувањето со фалсификуваниот попис од 2002 е прашање од највисок национален и државен интерес за Македонија и Македонците.

Да не бидеме погрешно разбрани, НДМ силно ја подржува борбата против секаков вид на криминал и секој што сторил кривично дело треба да заврши таму каде што предвидува Кривичниот законик.

Меѓутоа, фалсификуваниот попис во 2002 е случај над сите случаи и е неспоредлив по свето значење со сите предмети на СЈО.

Оттука и прашањето, зошто Катица Јанева молчи и го крие предметот за фалсификуваниот попис од 2002?

Ја користиме приликата да ја повикаме специјалната обвинителка веднаш да постапи во случајот со фалсификуваниот попис во 2002 како прашање од највисок национален и државен интерес.

Во спротивно, за НДМ и народот ќе отвори сомнеж дека одлуките на СЈО се пишуваат на друга адреса, поточно во една странска амбасада во Скопје.

За крај, во ситуација на фалсификуван попис во 2002, и во ситуација кога политичките водачи на Албанците со Албанската платформа за рушење на Македонија агресивно продолжуваат со нови барања кои се разоткриваат како нивна позиција како во федерална држава, Македонија мора да го провери резултатот од пописот во 2002 година.

Ви благодарам,

МКД

Мактел

Тајм

Грид

НДМ Јутуб Канал

  Newer:Постари:
Copyright © 2017. www.ndm.org.mk. Designed by Shape5.com